Верален не е заинтересиран за преселба на Олд Трафорд

Капитенот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Томас Вермален, откри дека нема грам вистина во новинарската шпекулација дека во новата клупска сезона ќе ги брани боите на големиот ривал од англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Јунајтед.

Најпознатите медиуми на Островот веќе неколку дена ја форсираат приказната дека централниот дефанзивец преговара со раководните лица на “црвените Ѓаволи”, а најавениот трансфер ќе биде реализиран доколку двата клуба најдат заеднички јазик околу побараното обештетување од 12 мил. евра.
“Знам дека има многу информации, многу шпекулации околу мојата иднина. Се што можам да кажам е дека фудбалските медиуми на Островот располагаат со една погрешна информација. Сите знаат каква е мојата ситуација на “Емирати”, знаат дека јас имам договор до 2015 година. Знам дека ќе има секакви шпекулации и во следните неколку недели, но јас сум во Бразил, уживам во мојата репрезентација и целосно сум фокусиран на следниот противник во групната фаза”, изјави Вермален.