Верати во Јуве само ако Погба го облече дресот на ПСЖ

Италијанскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, најверојатно ќе остане само пуста желба на раководните лица на актуелниот шампион на Италија, екипата на Јувентус.

Генералниот менаџер на „старата дама”, Џузепе Марота во изминатите неколку месеци постојано изјавуваше дека е голем фан на Марко Верати, дека репрезентативецот на Италија е идеално засилување за Јувентус и дека ќе даде се од себе во обидот да ги осигура неговите услуги за време на летниот преоден рок.

Дека најавениот трансфер на Верати во редовите на Јувентус е невозможна мисија потврдија и француските медиуми кои открија какво е побарувањето на раководните лица на ПСЖ, кога се во прашање услугите на 21-годишниот играч за врска.

Верати може да добие дозвола за да седне на преговарачката маса со челниците на Јувентус, само доколку во официјалната понуда на “старата дама” бидат понудени услугите на францускиот интернационалец Пол Погба.

Само за потцетување, Погба има статус на недопирлив и неговиот потпис е достапен само со понуда не помала од 70 мил. евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.