Вербална војна меѓу Трамп и Туск за царините од САД за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп одговорил на критиките од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, велејќи дека ЕУ „ужасно“ се однесувала во трговскиот однос со САД.

Трамп вчера на состанок во Вашингтон му се пожалил на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, велејќи дека ЕУ била ужасна кон САД, кои минатата година со Унијата имале трговски дефицит од 151 милијарда долари.

Изгубивме 151 милијарда долари во размената со ЕУ. Можат да ме нарекуваат со секакви имиња, а да сум на нивно место и јас би се нарекувал со такви имиња, бидејќи тоа повеќе нема да се случува. На нашите земјоделци не им е дозволено да ги продаваат своите производи во ЕУ. Тешко ни е да ги продадеме нашите автомобили во ЕУ, но Европската унија ги има своите „мерцедес“ и „БМВ“ автомобили кои влегуваат во САД без бариери, изјави Трамп.

Туск пред пред неколку дена на Твитер напишал дека некој што има пријатели како Трамп, непријатели не му се потребни.

Гледајќи ги последните одлуки на Доналд Трамп, некој би можел да помисли: со такви пријатели, на кого му се потребни непријатели. Но искрено, ЕУ би требало да биде благодарна. Благодарение на него, се ослободивме од сите илузии. Сфативме дека ако ви потребна рака за помош, ќе ја пронајдете својата, навел Туск.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.