Вереникот на Хурем ја обвинува дека не е нормална и не е здрава

Кен Атес, поранешниот вереник на Миријем Узрели кој ја остави кога затрудне, сега сака да го преземе старателството над новородената ќерка и има намера да покрене судска тужба за да успее во својата намера. Узрели веќе еден месец одбива да ја запознае ќерката со својот татко и ги одбива сите негови повици.

„Очигледно дека прерано престана со лечењето. Возрасна жена која не е во состојба да ги остави на страна љубовните проблеми и да сорабтува за доброто на детето не е нормална и здрава,“ изјави Кан.

Актерката му се заканувала на поранешниот вереник со полиција, доколку дојде во Германија и се обиде да ја види ќерката.

„Признавам дека се уплашив и реагирав бурно. Немав среќа во љубовта и се плашев да преземам одговорност, но имам право на грешки. Својата ја признав и не сум заслужил ваков третман,“ им се пожалил овој турски бизнисмен на медиумите.

Тој наведе дека сака да ги реши проблемите со Хурем додека ќерката им е мала, бидејќи подоцна актерката ќе и ја наполни главата со глупости.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.