Верижен судир на патот Охрид-Кичево

Во сообраќајната несреќа при верижен судир што се случи синоќа на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на аеродромот „Апостол Павле“, нема повредени лица. Причинета е само материјална штета.

Верижниот судир во кој учествувале четири патнички возила предизвика сообраќајот да се одвива отежнато и во колона.

Од СВР Охрид извршија увид на лице место, а возилата наизменично беа пропуштани.