Свет

Верижен судар на 123 возила во САД, еден загинат

Верижен судар на 123 возила во САД, еден загинат

Еден човек загина и најмалку 20 се повредени во верижен судир во американската сојузна држава Мичиген во кој учествувале 123 возила.

Едно од возилата е камион кој превезувал пиротехнички средства, а во сударот се запалил. Друг камион што превезувал хемикалии исто така се превртел. Поради сообраќајката затворен е автопатот Интерстејт 94, а граѓаните се повикани да ги напуштат своите домови на тоа подрачје. Полицијата наведува дека видливоста била ограничена поради снегот и маглата.