Верижен судар во Јужна Кореја, двајца загинати, 65 повредени

Две лица загинаа и повеќе од 60 се повредени во верижен судар на повеќе од 100 автомобили на мост во близина на меѓународниот аеродром Инчон во Јужна Кореја.

Во сударот што се случил поради густа магла повредени се 65 луѓе од кои седуммина потешко, соопшти полицијата.

Возилата оштетени во верижниот судар веќе се отстранети од мостот долг 4.400 метри кој го поврзува аеродромот во градот Инчон со главниот град Сеул.