Балкан

Верижен судир во Србија: Двајца загинати, 36 возила оштетени

Верижен судир во Србија: Двајца загинати, 36 возила оштетени
фото: Блиц.рс - Несреќата се случила ноќеска на автопатот Белград - Загреб

Две лица загинаа, а повеќемина се повредени во два верижни судири на автопатот Белград – Загреб во близина на наплатната рампа Шимаповци во кои учествувале 36 возила, објави Б92.

Несреќите, како што јавуваат српските медиуми, се случила поради густата магла. При судирот освен двајцата загинати има и 20 повредени, меѓу кои три се деца.

Првиот судир се случил на околу два километри пред наплатната рампа, во него учестувале 16 возила, додека втората несреќа се случила на 200 метри од Печиец и неа учествувале 20 возила, јавува Танјуг.