Крими хроника

Верижна сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“

Верижна сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“

Три автомобили се судрија попладнево на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.

Според полициските информации, во верижната сообраќајна несреќа, која се случила околу 14,45 часот, учествувале „тојота јарис“, „форд ескрот“ со скопски таблички и битолско „ауди“. Во несреќата нема повредени лица, но причинета е материјална штета.