Верижна сообраќајка на Илинденска

Сообраќајна несреќа во која учествувале четири автомобили се случила утринава на раскрсницата со „8-ми Септември“ и булевар „Илинден“.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Пежо“, „Нисан“, „Шкода“ и „Опел“ сите со скопски регистерски таблички.

Според првичните информации повредени лица нема, а причинета е само материјална штета.