Верижна сообраќајка во Автокоманда, две лица пренесени во болница

Верижна сообраќајка се случи утрово во скопска Автокоманда.

Во верижниот судар учествувале пет возила, односно „пасат“, два автомобила „голф“, „мерцедес“ и „мицибуши“, сите со скопски регистарски таблички, соопштуваат од МВР.

Во незгодата повредени се две лица кои веднаш биле пренесени во болницата Свети Наум Охридски.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам