Вермален го најави трансферот во Манчестер Јунајтед

Капитенот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Томас Вермален откри дека не знае каде ќе игра во новата клупска сезона и додатно ја подгреа веќе пласираната шпекулација дека е можно до крајот на летниот преоден рок да биде продаден на големиот ривал од англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Јунајтед.
“Искрено, не знам каде ќе играм во новата клупска сезона, не знам кој дрес ќе го ноасма. Можно да играм за Арсенал или за некој друг клуб. До пред некој ден, целосно бев фокусиран на Мундијалот во Бразил, мислам само на мојата репрезентација. Прво ќе разговарам со челниците на Арсенал, сакам да го слушнам нивното мислење, да слушнам какви се плановите за новата сезона. Имам потреба од првотимски статус, не сакам да седам на клупата за резервни фудбалери”, изјави репрезентативецот на Белгија.
Англиските медиуми се убедени дека централниот дефанзивец ќе биде продаден на Манчестер Јунајтед откако двата клуба ќе најдат заеднички јазик околу побараното обештетување од 8 мил. фунти.