Вермален од Емирати се сели на Олд Трафорд

Пред две години го ангажираа тогашниот капитен, Робин ван Перси, а сега, раководните лица на Манчестер Јунајтед се на добар пат да ги осигураат услугите на актуелниот капитен на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Тома Вермален.

Англиските медиуми пред неколку часа ја пласираа сензационалната информација дека белгискиот интернационалец веќе ги договорил личните побарувања со челниците на Манчестер Јунајтед.

Централниот дефанизвец ја прифатил понудата за 3-годишна соработка, а со преселбата на „Олд Трафорд”, Вермален си обезбеди неделна плата од 100 илјади фунти што е за 30 илјади фунти поголема од таа што ја заработуваше на „Емирати”.

Најавениот трансфер ќе биде комплетиран откако двата клуба ќе најдат заеднички јазик околу неговото обештетување кое сигурно нема да биде помало од 10 милиони евра.