Спорт

Вермален последна зимска аквизиција на Зенит

Вермален последна зимска аквизиција на Зенит

Зимскиот преоден рок во Русија завршува на 5 февруари, а до тогаш раководните лица на Зенит ќе се обидат да ги осигураат услугите на белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Томас Вермален.

Централниот дефанзивец се почесто ја грее клупата за резервни фудбалери, а пред неколку недели изјави дека ќе побара промена на клупската средина доколку и понатаму не биде прв избор кога е во прашање дефанзивната линија.

Раководните лица на вицешампионот на Русија сакаат прво да го позајмат искусниот дефанзивец, а потоа на крајот од актуелната сезона да го откупат неговиот договор со понуда не помала од 8 мил. евра.