Верона е незгодна пречка за Интер

Новото, 28. коло од италијанската Серија А, ќе стартува со денешниот дуел помеѓу новајлијата во елитното друштво, тимот на Верона, кој ќе биде домаќин на се подобриот тим на Интер.

И за двата тима, трите бода се императив, за домаќинот да остане во игра за едно од двете места кои водат во групната фаза од Лигата на Европа, а за гостинот да остане во игра за четвртат позиција на табелата.

„Верона се покажа како незгоден противик и во Милано, па затоа сега не очекува еден тежок и неизвесен натпревар. Од нас зависи како ќе одигра домаќинот, ако им дозволиме да го наметнат нивниот стил на игра тогаш сигурно ќе имаме голем проблем, но ако одиграме како што ќе договориме пред натпреварот, тогаш ќе бидеме многу блиску до посакуваните три бода”, изјави пред натпреварот предводникот на “нероазурите”, Валтер Маѕари.