Верските лидери потпишаа Декларација за осуда на тероризмот

Верските лидери потпишаа Декларација за осуда на тероризмот
Верските лидери потпишаа Декларација за осуда на тероризмот

По повод актуелните терористички напади во светот, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи заедно со петте верски лидери потпиша Декларација за осуда на тероризмот кон која се придружија и другите цркви, верски заедници и религиозни групи во Република Македонија.

Како што информира денеска Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, со Декларацијата најостро се осудува религиски мотивираниот тероризам заснован врз различно верско убедување и се повикува на мир, толеранција, меѓусебна почит, соживот и на спречување на вакви и слични злодела во иднина, кои се спротивни на сите светски религии.

„Со потпишувањето на овој документ се покажува заедништвото на црквите, верските заедници и религиозните групи во Република Македонија и нивното коалицирање кога е во прашање борбата против тероризмот, што е содржано и во Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации и меѓународните декларации и конвенции за човекови права“, се вели во соопштението од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.