„Вертикана шума“ во Милано, која штити од загадување и врева (ВИДЕО)

„Bosco Verticale” или во превод „Вертикална шума“, е дизајн на архитектонското студио „Боери“.

Овој иновативен модел на пошумена зграда, изграден во Милано, има добиено меѓународна награда за дизајн на облакодер, како најубав и најиновативен проект.

Пошумената фасада од 21.000 билка на двете луксузни градби ќе ги апсорбира честиците на јаглерод диоксид, го амортизра загадувањето и вревата, и ќе создава поволна микроклима.

suma

„Вертикалната шума“ е израз на човековата потреба од контакт со природата. Ова е радикална и храбра идеја за градовите во иднина и претставува модел како би требало да се менуваат урбаните и пренаселени градови во Европа.

Овој објект претставува совршен спој и хармонија помеѓу луѓето и дрвјата.

Проектантите добиле награда од 50.000 евра, а спонзор е Франкфурскиот музеј на архитектура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.