Вертонген флертува со Барселона

Иако пред неколку дена доби официјална понуда да потпише нов 5-годишен договор, белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Јан Вертонген, откри дека е среќен поради информацијата дека за неговите услуги голем интерес има покажано каталонскиот гигант Барселона.

“Нормално дека сум среќен поради таа информација. Ми годи што за моите услуги интерес има покажано толку голем клуб каков што е Барселона. Тоа е доволен доказ дека јас сум на вистинската патека, дека има голем напредок во мојата игра. Точно дека каде што има дим има и оган, но во овој случај се уште нема ниту дим, а нема ниту оган. Јас не сум контактиран од челниците на Барселона”, изјави 27-годишниот бек кој е проценет на 25 мил. евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.