Верушевски- идеалното семејство според Заев

Опозицискиот лидер Зоран Заев продолжува да си дава автоголови и на тој начин да се разобличува пред јавноста себеси и самиот да си ја урива својата деструктивна стратегија, објавува Курир.

По серијата клучни грешки, Заев вчера во интервју на еден медиум направи уште една грешка и ја потврди автентичноста на криптираните СМС пораки со кои во обид да го прикријат своето противзаконито и криминално дејствување, наместо со букви членовите на семејството Верушевски комуницирале со бројки.

-Јас купив компјутер, таа порака беше на синот према мајка му која што беше во Струмица. Јас ја посетив и затоа беше упатена према мене. Компјутерот го купив оти беше се од компјутери запленето од нивното семејство. И го купив компјутерот, немам проблем. Зарем за човек кој се одважил со љубов за татковината да помогне да не го купам компјутерот? Да, бев подготвен да набавам кола, рече Заев. На прашањето од новинарот дали ова значи дека шифрираните пораки на семејството Верушевски се точни, Заев одговори најверојатно.

Со ова признание, Заев ги потврди основите на осомниченост со кои настапуваат институциите и практично самиот си потврди дека со Верушевски имале тесна соработка и заеднички одработувале за странски центри и интереси, дека во таа соработка постоел однос при кој Заев му давал пари на Верушевски, купувал компјутери и сакал да купува автомобили и дека се обидувал да се пазари со материјалите и ги уценувал властите со нив.

-Слобода и демократија на нашата земја. Секако дека се што можам и имам капацитет лично, со свои пари, со можност со поддршка од некој да го направам, би го направил за секој човек кој така храбро и одважно ќе покаже колку си ја сака државата, рече Заев.

Јавноста е фрапирана и од вчерашниот обид на Заев да го претстави семејството Верушевски за пример за однесување на семејствата. На овој начин заев сака да ја потцени целокупната јавност, и сака да претстави како исправно однесување на семејство чии што членови имале неколку обиди за убиства на други лица, кои незаконски стекнувале и по неколку станови, имале кривични пријави кон нив, а еден од нив е обвинет и за педофилија и му се најдени материјали од секс со малолетни девојчиња.

vest-ver

Верушевски си зел 24 плати, а должи и генералски стан на МВР

За потсетување, еве дел од “примерното“ однесување на семејството Верушевски, односно што порано пишуваа за Верушевски дел од весниците, како „Вест“ и„Утрински“. Весникот „Вест“ отвори афера за Верушевски при неговото назначување на директор на ДБК од страна на СДСМ, пишувајќи дека Верушевски незаконски земал 24 плати и присвоил генералски стан за себеси спротивно од законот.

-Новиот директор на ДБК неодамна си зел 24 плати, а должи и генералски стан на МВР Зоран Верушевски, поранешен висок функционер во МВР, во јануари годинава, со 24 плати го напуштил асистентското место на Факултетот за безбедност и спротивно на законските одредби, на предлог на СДСМ, Владата го назначи за директор во МВР, пишуваше Вест.

Весникот пишуваше дека неговото враќање на една од најодговорните функции во МВР и најстратешките за безбедноста на државата, од најмалку две причини, се коси со елементарните законски норми. Прво, заради тоа што Верушевски на 20 јануари годинава го напуштил местото асистент во Центарот за образование на кадри од областа на безбедноста во Идризово и си зел 24 плати.

-На овој Факултет попрецизно кажуваат дека Верушевски, всушност, асистентската функција спогодбено ја напуштил, побогат за 628.440 денари или за околу 20.000 германски марки. Другата причина поради која назначувањето на Верушевски за директор на УБК е спорно и контроверзно е тоа што во МВР има покренато тужба против него за тешка злоупотреба на службената должност и според последните сознанија, таа с&ицирц; уште е активна. Имено, додека ги извршувал функциите во МВР од 1997 до 1 ноември 1998 година, Верушевски успеал да си земе два стана од Министерството – прво двособен, од околу 65 метри квадратни, а потоа четирисобен, од 110 метри квадратни, што и во моментов ги користи. Помалиот се наоѓа во Дебар Маало во Скопје и според сознанија од МВР, најверојатно го издава под кирија. Во големиот стан, добиен на трајно користење, кој се наоѓа во т.н. генералска зграда во населбата Аеродром, Верушевски живее со семејството. Вицот е во тоа што на “времето”, кога министер во МВР бил Чокревски, Верушевски не кажал дека има двособен стан и како да е кираџија и “социјален случај”, успеал од Чокревски да добие генералски стан. Станот што го добил не бил користен, но се говори дека на Верушевски не му се допаѓало нешто во него, па го реновирал. Наводно и преуредувањето го направил на сметка на МВР, пишуваше Вест.

Верушевски ја држи во заложништво цела држава

Утрински весник пишуваше дека Верушевски ја држи во заложништво целата држава додека на власт беше СДСМ во 2006 година

-Се до неодамна, разузнавачот Зоран Верушевски имаше потреба јавно да зборува. Да објаснува во медиумите дека МВР води хајка против него и неговиот 18-годишен син Александар. Да се заканува дека ако не престане тоа, ќе ги отвори картите и ќе каже во јавноста за многу работи. Ги обвини новинарите дека прават конструкции и го злоупотребуваат неговото име. Потоа се премисли, па го прошири списокот на непријатели со мафијашки структури што се занимаваат со шверц со нафта и цигари, пишуваше Утрински.

Весникот додаде дека: Тој е подготвен да ја држи целата држава како заложник наместо да го прифати фактот дека можеби потфрлил како родител и му дал на својот син лажна сила дека е непобедлив и над законот. За него, корпулентното долгокосо синче со прекар Аџо е само “добро момче заведено од лошо друштво”. Патем, заборави да каже дека неговиот наследник зад себе има подебело криминално и судско досие, во кое прецизно и во детали е заведено околу неговите лоши навики да пука со пиштол наоколу, да изнудува рекет и да прави сообраќајки со полициското возило на тато, пишуваше Утрински.

utrinski

Синот Александар пак остана запаметен во јавноста како учесник во безброј тепачки, обиди за убиства, рекетирања, пукања и останати девијантни појави и ја брануваше јавноста додека неговиот татко беше на власт и му беше заштита. Еве дел од скандалите на младиот верушевски кој по последните пораки се дознава дека го преземал бизнисот од татко му и наместо татко му бил задолжен за соработка со Заев.

Пријателството на Александар Верушевски со Карлито Бриганде во 2006

Додека во охридскиот затвор Александар Верушевски ја издржувал мерката притвор, тој се запознал со Вулнет Маќелара, алијас Карлито Бриганте.

Само две седмици откако се најде на слобода, во Струга, тој повторно се заканувал, за што доби нова прекршочна пријава, а пред неколку дена се случи инцидентот во Дебар.

Неговата посета на семејството на еден од најпознатите криминалци Вулнет Маќелара, алијас Карлито Бриганте, со кого Верушевски се запознал во охридскиот затвор, беше заокружена со ќотек од некои за јавноста непознати дебрани. Но, Верушевски јуниор, иако едвај спасил жива глава, сепак, останал доследен на своето однесување и, наводно, им се заканил дека ќе се врати и ќе ги убие сите што го малтретирале, пишуваше Утрински.

tatko-sin

Претходни престапи на Александар Верушевски

Јавноста со помладиот Верушевски се запозна пред неколку години кога тој на 16 години го украде службениот полициски “голф“ што го користел татко му и со него предизвика сообраќајка по која избега од местото на настанот.

Само неколку месеци потоа тој со службениот пиштол на татко му пукаше во еден свој познајник. За пукањето тој тврдеше дека тоа морал да го стори, односно дека го спасувал сопствениот живот, и за ова тешко дело беше осуден со надзор над малолетник. Всушност, во неговото судско досие стои пресуда: засилен надзор од социјален работник и од родители.

verusevski-sin

На 2 јануари тој учествуваше во пукотницата што се случи на улицата “Анкарска“, во скопската населба Тафталиџе, а во која тешко беше ранет во двете нозе. Иако постојат индиции дека пукал и Верушевски, сепак, по едногодишна затворска казна добија само оние што стрелаа во него. Судскиот процес се карактеризираше со крајно недоличното однесување на Верушевски, кој ги навредуваше сите во судот и тоа пред неговиот татко, кој го придружуваше во судницата.

Скопјани од младиот Верушевски беа на мира само три месеци, односно откако кон средината на април предизвика инцидент во кафулето “Хепиии“ во населбата Јане Сандански, по што замина во Струга. Во “Хепи тој претепа 23-годишно момче, а потоа со пиштол им се заканувал на сите присутни во кафулето. По ова, тој замина за Струга каде што по еден негов престап заврши во притвор. Имено, кон крајот на мај, тој не успеа да изнуди пари од сопствениците на кафе-барот “Адмирал во кое испука неколку куршуми во моментите кога кафулето било преполно, пишуваше Утрински.

Третиот син Горан е осомничен за педофилија и поседување на видео снимки од секс со малолетни девојчиња.