Верушевски не го негира делото, ама за тоа било виновно МВР што не се заштитило

Основниот суд Скопје 1 денеска ќе му изрече пресуда на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, по обвинението против него за недозволено држење оружје.
верушевски на судење за недозволено држење оружје

Адвокатот на Зоран Верушевски со денешната своја изјава на sуд, го „закопа“ својот клиент, пишува порталот „Курир“.

Имено, адвокатот Ангеле Илиевски кој го застапува првообвинетиот во случајот „Пуч“, денес во име на Верушевски изјави дека не е негова вина што МВР не го обезбедиле системот.

-Го објасни целокупниот систем на безбедност, како функционира и како треба да функционира и каде е грешката. Дека не грешката кај него туку што МВР не си обезбедува комплетна заштита, рече адвокатот, пренесе Канал 5.

Изјавата на адвокатот на Верушевски е скандалозна и дава одговор на повеќе прашања, одговор кој Верушевски и Заев сакаа да го сокријат. Со ова Верушевски не го негира делото, туку напротив-признава вина. Екс-разузнавачот преку својот адвокат даде признание за она за што го теретат полицијата и судот.

Според познавачите, приказната на Верушевски практично би изгледала исто како на пример крадец кој ограбил банка да очекува да биде прогласен за невин, бидејќи според негови тврдења, банката имала слаб систем за одбрана. Или пак, автомобил на пешачки да прегази пешак, а возачот да се брани дека не е виновен бидејќи пешакот не успеал да го избегне неговото возило.

Тврдењето на адвокатот на Верушевски дека не било вина на неговиот клиент тоа што МВР не го обезбедила системот, односно било пропуст на МВР е класично признавање на вина за делата за кои се товари Верушевски, шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери.