Македонија

Верушевски доби три години затвор

Верушевски доби три години затвор
Зоран Верушевски доби три години затвор

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски доби три години затвор. Основниот суд го огласи за виновен, затоа што по заминувањето од МВР не го вратил службениот пиштол со марка Црвена застава со кое бил задолжен од 1982 година.

По изрекувањето на пресудата Верушевски рече дека ова не е правда и дека судот, како и опозицискиот лидер Зоран Заев, не го признава.

Во образложението на судот се вели дека обвинетиот ја добил најниската казна пропишана со законот.