Бразил2014,Македонија,Магазин

Верувале или не, но поголеми се шансите да ве гризне Суарез отколку ајкула

Верувале или не, но поголеми се шансите да ве гризне Суарез отколку ајкула

ФИФА на уругвајскиот фудбалер, Луис Суарес му забрани да игра четири месеци бидејќи за време на натпреварот со Италија на Светското првенство во Бразил, гризна противнички фудбалер.

Грузнувањето било намерно, а притоа треба да се земе во предвид дека ова е веќе трети пат како Суарез гризнува фудбалер на теренот. Коментаторот на еден британски портал ја опишал својата анализа со еден чекор понатаму и пресметал колкави се статистичките шанси да ве гризне Суарез и да ве растргне ајкула.

luis-suarez-foto-ap-1403255206-519599

Од 2005 година Суарез има одиграно 441 натпревари во кој имал прилика да гризне 6.160 играчи, ако се пресметува по тоа дека на секој натпревар учествуваат по 11 фудбалери и нивни три замени. По оваа пресметка, шансите да ве гризне Суарез се 1: 2.000. Од друга страна пак, шансите да ве растргне ајкула се 1: 3,7 милиони.

Ако сакате да знаете колкави се вашите шанси ајкулата само да ве грицне , во просек тоа е близу статистичкиот податок на Суарез, земјаќи ги во предвид податоците забележани во Њу Смирна Бич на Флорида, плажата која се смета за светска престолнина на нападите од ајкули.

Но таа бројка е добиена, на тој начин што се пресметувало ако секој жител плива само по еднаш годишно, па затоа е реално поголема да е опасноста да ве гризне Суарез отколку ајкула.

Кога сме кај статистиката, поголема е веројатноста за време на натпревар да ве гризне Суарез отколку да ве удри гром, гром мава за време на натпревар во размер 1: 10.000.

Исто така, поголеми ви се шансите да недоживеете паѓање на авион кој статистички во споредба со гризот на Суарез е 1: 11 милиони.