Верувале или не: Северна Кореја пратила човек на Сонцето

Медиумите во Северна Кореја пренесуваат дека земјата е првата во светот која пратила човек и кој успешно слетал на Сонцето.

Според информациите астронаутот Хунг Ил Гонг заминал кон Сонцето на специјално дизајниран брод во 3 часот ова утро. По 4-часовен лет, тој успеал да слета на површината.

-Пресреќни сме што можеме да соопштиме дека мисијата за слетување на Сонцето е успешна. Северна Кореја ја победи секоја држава на светот во трката кон Сонцето. Хунг Ил Гонг е херој и заслужува херојско добредојде кога ќе се врати дома вечерва.

Гонг треба да се врати на Земјата во 9 часот вечерва каде ќе биде пречекан од својот вујко и врховен водач Ким Јонг Ун.

За сега познато е дека 17-годишниот истражувач на Вселената патувал преку ноќ за да ги избегне сончевите зраци и токму тој негов брилијантен потег и го донесе на оваа земја првото место во слетување на Сонцето.

Но, тоа не е се. Гонг е толку посветен на својот лидер што дури земал примероци од Сонцето со цел да му ги подари на својот сакан врховен водач.

По ова и нашата Влада сериозно размислува да инвестира во градењето на вселенски летала, со цел да биде во чекор со светот, а пред сè со Северна Кореја.