Магазин

Верувале или не, Стив Џобс во својот дом забранил користење на технологија, дури и неговиот прочуен Ајпад

Верувале или не, Стив Џобс во својот дом забранил користење на технологија, дури и неговиот прочуен Ајпад

Новинарот на Њујорк Тајмс, Ник Билтон во една прилика го прашал Џобс „Твоите деца веројатно многу сакаат Ајпад?“ на што одговорил дека никогаш не користеле Ајпад. Тој и неговата сопруга одредувале кога и колку нивните деца смеат да користат технологија.

Домот на Џобс многумина го замислуваат како технолошки рај, но членовите на семејството повеќе сакале да се дружат и да разговараат за историјата и прочитаните книги.

Овој тренд е присутен и кај другите ИТ стручњаци кои ги штитат децата од лошото влијание на технологијата. Дури и ги испраќаат децата каде што не се користат компјутери.