Веселинов по постапката на Борисов: Ѓорге Иванов е последната метастаза на македонската влада

Јасен знак е одбивањето на Борисов да се сретне со македонскиот претседател, ние целосно го поддржуваме.  Македонската изолационистичка политика не може да продолжи- коментира Искрен Веселинов од Обединетите патриоти, за бугарска Нова ТВ.

Ѓорге Иванов е последната метастаза на таа влада која го насочуваше македонскиот народ против сите свои соседи, изјавил Искрен Веселинов.