Балкан

Претседателот на косовскиот парламент дециден Веселји: Никогаш нема да има поделба на Косово

Веселји: Никогаш нема да има поделба на Косово

Претседателот на косовскиот парламент, Кадри Веселји рече дека никогаш нема да се преговара за промената на косовските граници и дека оваа тема нема да биде на агендата за следниот дијалог помеѓу Белград и Приштина.

Косово е единствено и не е поделено на север и југ. Никогаш нема да има негова поделба, ниту оваа тема некогаш ќе се најде на агендата на преговорите, изјави Веселји, јави „Коха диторе“.

Веселји, исто така, рече дека Приштина ќе учествува во дијалогот со Белград и дека очекува тој да заврши со признавањето на независноста на Косово и членството во ОН.