Спорт

Весиќ ќе ги предводи ракометарките на Македонија на двомечот против Исланд

Весиќ ќе ги предводи ракометарките на Македонија на двомечот против Исланд

Досегашниот помошник на веќе екс-селекторот Ристо Магдинчев на женската ракометна репрезентација, Благојче Весиќ ќе ја води репрезентацијата на последните два меча од квалификациите за СП 2015 година.

Македонија на 3-ти декември игра против Исланд на гости, додека реваншот е закажан за три дена подоцна во Скопје.

По двата неуспеха против Италија, Магдинчев заработи отказ а довербата од РФМ ја доби Весиќ, кој функцијата в.д. селектор ќе ја извршува само привремено, додека не се пронајде селектор кој понатаму ќе го води националниот тим.