Магазин

Весли Снајпс и во четвриот дел на Blade

Весли Снајпс и во четвриот дел на Blade

Blade со Весли Снајпс е еден од првите успешни филмови базирани на стрип на Marvel. Првиот филм се појави во 1996-та година, доби две продолженија, а оттогаш правата за екранизација се вратија на матичното студио, кое во меѓувреме стана голем играч во Холивуд.

Снајпс, по издржувањето на затворската казна, настојува повторно да ја оживее неговата кариера во Холивуд, но неговиот прв обид (The Expendables 3) не помина добро во кино салите.

Сајтот NY Daily News ја објави веста дека Marvel работи на ново продолжение од Blade франшизата, а 52-годишниот актер ќе ја репризира познатата улога на убиец на вампири. За ова наводно ќе добие 3 милиони долари.

Засега нема информации за приказната или за режисер на проектот.