понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Весна Петрушевска: Злоставувачот ќе го објавам со име, презиме и фотографија!

vesna_bejbi-768x408

Последни вести

Овие денови актерката и нејзината дванаесетгодишна ќерка поминуваат низ вистински пекол, откако злоставувач ја нападна Мина, а медиумите ја пренесоа информацијата.

Весна Петрушевска пред два дена објави статус на Фејсбук во кој истакна дека нејзината ќерка е вистински херој, затоа што и покрај се што и се случило, реши да проговори за несреќниот случај со цел да ги предупреди другите девојчиња.

Сега откако јавноста е добро запознаена со случајот, Весна реши да пише нов коментар со кој ќе ги информира сите пријатели и фанови, истакнувајќи го следното:

123

„Најмалата казна е 12 години, она што во моментов е најважно е дека има 30 дена притвор, исто така добив стотици пораки од злоставувани девојчиња (голем дел од нив докажани и почитувани личности од нашето општество)кои никогаш не кажале, никогаш не бил фатен злосторникот,а цел живот носат трауми. Затоа треба да се зборува јавно , кога ќе ја добие заслужената казна јас лично ќе го објавам со име и презиме и со фотографија“.

Останува да видиме како ќе се затвори овој случај и каква казна ќе добие зосторникот.

Најчитани вести