среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 44

Весник доби писмо со закана за нов напад во Германија

Истрагата смета дека е можно да станува збор за некој којшто сака да го искористи вниманието на јавноста по нападот од вторникот, кога во близина на автобусот со играчите на Борусија експлодираа три експлозивни направи

dortmund ekspozija

Поврзани вести

Германското државно обвинителство во Карлсруе ја испитува веродостојноста на новото писмо испратено до весникот Tagesspiegl во коешто се презема одговорноста за нападот врз фудбалерите на Борусија Дортмунд пред средбата од Лигата на шампионите, но во коешто истовремено се најавуваат нови напади, меѓу друго и на 22 април, кога во Келн треба да се одржат протести против евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).

„Мораме секоја закана да ја сфатиме сериозно имајќи предвид дека сé уште не располагаме со цврсти индиции за заднината на нападот со играчите на Борусија Дортмунд“, рекле неименувани безбедносни извори за берлинскиот дневен весник Tagesspiegl чијашто редакција го примила најновото писмо во коешто се презема одговорноста за нападот од вторникот, а содржината упатува наводно на десно радикална заднина.

Во анонимната електронска порака, којашто редакцијата на Tagesspiegl, ја примила во четвртокот вечерта „се повикува на Адолф Хитлер“ и се критикува политиката на мултикултурно општество особено бегалската политика на владата на канцеларката Ангела Меркел. Во пораката, исто така, се истакнува дека нападот врз автобусот со фудбалерите бил „само почетокот“.

„На 22 април ќе потече шарена крв“, се наведува во пораката. Истрагата тоа го поврзува со големите протести против десниот популизам кој следната сабота треба да се одржи под мотото „Шарено против кафеното“, при што светло кафената боја се доживува како боја на националсоцијалистите и нивните наводни идеолошки наследници, кој треба да се одржи во Келн. Повод за протестите е партиската конвенција пред претстојните есенски германски парламентарни избори на Алтернатива за Германија (AfD) којашто токму на 22 април ќе одржи во овој град.

Истрагата смета дека е можно да станува збор за некој којшто сака да го искористи вниманието на јавноста по нападот од вторникот, кога во близина на автобусот со играчите на Борусија експлодираа три експлозивни направи пред мечот со француски Монако, при што беше повреден фудбалерот Марк Бартра.

Набрзо беше објавено дека на местото на експлозиите е пронајдено писмо, коешто според челникот на министерството за надворешни работи на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Ралф Егер, е невообичаено и укажува дека нападот може да го извршиле десничарски, левичарски или исламистички екстремисти.

Писмото од четвртокот вечерта е веќе третата порака со којашто се презема одговорноста за експлозијата во Дортмунд. Првото писмо, коешто беше карактеризирано од федералната истрага со левичарска екстремна заднина, набрзо беше отфрлено како лажно. Но истовремено истрагата се сомнева и во веродостојноста на уште три писма со иста содржина кои се најдени во близина на нападот и во кои се тврди дека одговорноста ја презема џихадистичката организација Исламска држава. Двајцата исламисти кои беа уапсени во средата, во меѓувреме, не се доведуваат во поврзаност со нападот.

Најчитани вести