“Веспрем Арена” е подготвена за фајнл-форот во СЕХА

Во Веспрем арена се прават финалните подготовки за фајналфор турнирот во регионалната СЕХА – Гаспром лига. Поголем дел од новинарите што ќе го следат овој завршен спектакл на кој настапуваат најдобрите шест екипи во регуларната сезона, се веќе пристигнати во Веспрем, а за половина час треба да почне и прес-коференцијата на домаќините и на раководството на СЕХА лигата. Натпреварувачкиот дел од Ф4 турнирот почнува утре со мечот Мешков Брест и Нексе (17.45 ч.), а по него е дуелот ППД Загреб и Татран Прешов (20.15 ч.).

vesprem2

Домаќинот Веспрем и нашиот Вардар како прво и второпласирани во регуларниот дел ќе играат директно во полуфиналето против победниците од овие квалификациски дуели. Вардарци го чекаат победникот од првиот, Веспрем од вториот квалификациски дуел. Полуфиналните средби ќе се одиграат на 27 март, а финалето и мечот за 3.место се на 29 март.

vesprem4

vesprem6

vesprem51

Извор: Екипа