Спорт

Веспрем сепак пресилен за Металург

Веспрем сепак пресилен за Металург
Ракометарите на Металург се поразени од унгарскиот шампион Веспрем во дуел од регионалната СЕХА Лига.

На натпреварот одигран синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ иако подмладениот тим на Металург се бореше храбро, сепак, европскиот вицепрвак Веспрем беше пресилен и на крајот заслужено ги освои бодовите.

Марко Нелоски со четири гола беше најефикасен во редовите на Металург, додека кај Веспрем, а воедно и на натпреварот, најефикасен беше Драган Гајиќ кој постигна шест гола.

Во среда Металург игра уште една домашна средба во рамките на СЕХА-лигата, овој пат против екипата на Мешков Брест. Почетокот на овој натпревар е со почеток во 17 часот.

На табелата Вардар води со две победи и еден нерешен резултат е водечки тим на табелата, а зад него се Целје и Веспрем екипи кои имаат по две победи и еден пораз.