вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 46

Веспрем во финалето на СЕХА лигата

vesprem-meshkov

Последни вести

Ракометарите на унгарски Веспрем дури по изведувањето на пенали успеаја да се пласираат во финалето на СЕХА лигата и со тоа добија шанса да ја бранат титулата.

Во првото полуфинале на „Ф4 турнирот“ во Вараждин тие го победија Мешков Брест со 24:21 по изведувањето пенали откако натпреварот заврши нерешено 20:20.

Тимот од Белорусија имаше водство во текот на целиот натпревар, а во финишот на првиот дел предноста беше и шест разлика (11:5 – 27.минута). На десет минути пред крајот Мешков Брест водеше со 18:14, а во 58.минута беше и 20:18 за Мешков Брест. Во последните две минути Веспрем со головите на Ласло Наѓ и Кристијан Угалде стигнаа до изедначување. Во изведувањето пенали тимот на Мешков Брест реализираше само еден удар од седум метри.

Во финалето во недела Веспрем ќе игра со победникот од второто полуфинале што се игра вечерва (почеток 20:30 часот) меѓу македонскиот првак Вардар и ППД Загреб. Мешков Брест, за ривал во дуелот за 3.место во недела ќе го има поразениот од второто полуфинале.

Најчитани вести