среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 22

Вест: Повеќе од еден милион евра потрошени за шест месеци од страна на СЈО

Вкупно 72.941.547,00 денари (повеќе од еден милион евра) потрошило Специјалното јавно обвинителство во период од шест месеци, пишува весникот Вест.

132775410

Последни вести

Тоа е истакнато во новиот извештај на СЈО, кој се однесува за периодот од 15 март до 15 септември оваа година. Тоа се околу 28 проценти од вкупниот предвиден буџет за ова обвинителство, кој за 2016 година изнесува над четири милиони евра.

-Освен извештајот за потрошеното за шест месеци, на Интернет страницата на СЈО се најде и документ насловен годишен план за јавни набавки во 2016 година, кој архивски е заверен на 27 јануари годинава. Во оваа 2016 има 251 работен ден ако се минусираат викендите и празниците. Според годишниот план, СЈО во работните денови предвидело дека ќе потроши милион и двесте илјади денари за авионски карти, 900 илјади денари за фотокопирање (плус 500 илјади денари за тонери и 600 илјади денари за канцелариски материјали), 300.000 денари за кетеринг услуги, 720 илјади денари за чистење на деловните простории, но и 155 илјади денари за кафиња во капсула. Стандардната цена за кафе во капсула изнесува околу 17 денари, што во превод би значело на дневна основа планирано е да се пијат по 36 кафиња, пишува весникот Вест.

Што се однесува до чистотата и хигиената во канцелариите на СЈО, пишува весникот, според годишниот план се планира да се потрошат 250 илјади денари за хигиенски средства и 720 илјади денари за услуги за чистење, односно 3.864 денари дневно за услуга за чистење на деловни простории и хигиенски средства.

Освен тонерите за принтање, а кои се планирани 500.000 денари и канцелариските материјали во вредност од 600.000 денари, во годишниот план стои и ставка услуга за принтање за која во план е да се потрошат 900 илјади денари.

-Ваквите бројки укажуваат дека Специјалното јавно обвинителство планира да плаќа околу 3.585 денари на дневна основа за услуги за фотокопирање што, според цената на лист хартија за копирање, би значело дека СЈО планира секој работен ден да копира по околу 3000 страници, пишува Вест.

Превземено од: Курир

Најчитани вести