Вестбрук го надмина и Оскар Робертсон

Кошаркарот на „Оклахома Тандерс“, Расел Вестбрук стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој во две сезони успеал да оствари просек со двоцифрени ефекти во три статистички категории на крајот од регуларниот дел од лигата. Вестбрук лани го направи истото, па му се приклучи на легендата на НБА, Оскар Робертсон, кој до тогаш беше единствениот играч во најсилната кошаркарска лига кој на крајот од сезоната имал постигнато во просек двојни ефекти во три статистички категории.

Вестбрук лани оствари просек од 31,6 поени, 10,7 скока и 10,4 асистенции за 34,6 минути по натпревар, па таквата статистика придонесе тој да се закити со титулата најкорисен играч во лигата. Иако Џејмс Харден, Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и други играчи добија најголем дел од вниманието оваа сезона во однос на МВП наградата, броевите зад Вестбрук повторно се неверојатни.

Тој годинава оствари просек од 25,4 поени, 10,1 скока и 10,3 асистенции по натпревар. На два натпревари до крајот, На Вестбрук му требаа 34 скока за да го достигне ланското остварување. За секој друг бек во лигата тоа би било тешка задача, но не и за најдобриот играч на „Оклахома“.

Во понеделникот против „Мајами“ тој постигна 23 поени, 18 скока и 13 асистенции во победата на неговиот тим. Вчера во последниот натпревар од сезоната Весбрук имаше 20 скока, но само шест коша и 19 асистенции во победата над „Мемфис“.