ВИДЕО: Ветено-Сторено, почна обештетувањето на поплавените домаќинства

merka za socijalno zagrozeni lica
merka za socijalno zagrozeni lica

Премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил информира дека денеска започнува исплатата на 100 процентното обесштетување на земјоделците и домаќинствата чиј имот и посев беше оштетен од невремето и разорните поплави во јануари и февруари годинава.

– Со цел да се излезе во пресрет на граѓаните кои претрпеа штети, како по своите посеви, така и по своите домаќинства, на крајот од март од Штип ветив 100 отстотно обесштетување. Со ова е исполнето уште едно наше ветување до граѓаните, напиша премиерот.

Тој додаде дека исплатите почнуваат денеска за првите 120 земјоделски домаќинства од Општина Могила, која беше еден од најпогодените региони.

– Во наредните три недели ќе бидат исплатени во целост сите преостанати земјоделци и домаќинства од Могила, како и сите преостанати настрадани од погодените региони кои јавија и кај кои беше констатирана штета од невремето, за што се одвоени 12 милиони евра за нивна дирекна поддршка, информира премиерот Груевски.

nikola