Ветеното се реализира-Македонија станува двојазична држава

Дел од македонските граѓани не ги сфаќаа сериозно ветувањата на Заев, мислејќи дека се работи за некаков спин на ВМРО-ДПМНЕ и дека не е возможно еден политичар во Македонија тоа да го стори. Но, само по два месеци од владеењето на СДСМ, Заев подготви Закон за двојазична Македонија, со кој албанскиот ќе стане втор службен јазик во земјава.

Сите органи на државната власт ќе имаат двојазични веб страни, пропишува Законот за јазици кој го донесе Владата и кој ќе влезе во собраниска процедура. Освен на македонски јазик, на албански јазик ќе биде објавувана содржината на веб страните кои ги модерираат централните институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции.

Ова е една од измените во институционалното работење кои ги предвидува предлог законот. Согласно предлог законот сите закони и други акти донесени од

Собранието ќе се објавуваат на македонски и на албански јазик. Исто важи и за одлуките кои ќе ги носи Владата.

Покрај македонскиот во институциите службен јазик станува и албанскиот, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт. Законот ги обврзува судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.

На албански јазик ќе бидат достапни и поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи, фактурите и бандеролите.

Книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо. Униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик ќе бидат напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

На граничните премини на Република Македонија и аеродромите што се наоѓаат на подрачјата каде што најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик називите на институциите, другите натписи и патокази се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

Законот предвидува основање на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните. Агенцијата ќе биде финансирана од државниот буџет и за нејзина работа ќе бидат одвојувани по 1,7 милиони евра годишно. Во Агенцијата покрај овластени судски преведувачи ќе се вработат и лингвисти и дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори. Освен тоа се предвидува и формирање на Инспекторат за употреба на јазиците во рамки на Министерството за правда, а ќе се регулира со посебен закон.

Заев се крие зад Венецијанската комисија

Зоран Заев и СДСМ прифатиле двојазична војска и двојазични бакноти, но планот е да се затскријат зад Венецијанската комисија. Заев кога имаше потреба да се правда пред македонското гласачко тело тврдеше дека банкнотите е противуставно да бидат двојазични, а сега тврди дека Венецијанската ќе одлучи.

Уште пред неколку дена се појавија информации од внатре во владата дека двојазичните банкноти и монети како и униформите на војската се договорени, но на следниот начин:

За да се обиде да се скрие за ова прифатено барање, Заев ќе ги прати до венецијанската комисија (инаку невладина организација која е советодавна, а не обврзувачка) таа да проценела дали таквата промена е уставна или не. Апсурд до апсурд – венецијанската комисија ќе го толкува македонскиот устав, иако Заев во консултација со експерти тврдеше дека ова е противуставно – кога му требаше тоа тврдење да изигрува голем патриот пред своето членство:

Планот беше Заев да тврди пред македонското население дека не се согласил на двојазични банкноти и униформи, како што тврдеше и кога му требаше јавна поддршка – но очигледно и тогаш и сега лажеше.

Тоа јавно го соопшти и Бујар Османи, кој на партиската телевизија на СДСМ гласно кажа дека Заев се сложил на работите за кои после реши да се прави „на Tошо“.

Врвот на лицемерието е што Заев кој вели дека нема што да крие од законот, се крие овој пат зад „венецијанер“ ролетните мислејќи дека така ќе ги изигра граѓаните кои ги смета за лекоумни и дека забораваат.

Вакви интриги, сплетки и лажги Заев се обиде да прави на идентичен начин и со казните за некористење на албанскиот јазик. Кога му требаше за правдање пред Македонците и да ги убедува дека тиранската платофрма не постои, велеше дека нема да има никакви казни. Сега пак, тврди дека казни ќе има.

Силјановска: Законот за јазици излегува од Уставните рамки

Владата го објави предлог-законот за употребата на јазиците. Тој има третман на Закон важен за Европските интеграции, што значи ќе се усвојува во скратена процедура, односно по тридневна расправа во Собранието.

Професорката по Уставно право и политички систем Гордана Силјановска – Давкова вели дека Законот за јазици излегува од Уставните рамки, но е надвор и од Рамковниот договор.

-Ветувањето на сегашната Влада беше дека пред да пристапи кон донесување на Закон ќе ја консултира пошироката стручна јавност. Тоа не се случи. Ова би го окарактеризирала како право во границите на политиката наместо обратно. Мислам дека е вака, затоа што со закон не можете да смените, ниту да дополните Устав тој мора да има уставен основ, за жал, овој закон ги надминува уставните рамки и е надсвор од рамковниот договор, вели професорката за ТВ Нова.