Ветераните ќе заиграат заедно – Вејд заминува за Лос Анџелес

Најдобриот кошаркар и прва ѕвезда на Мајами Хит, Двејн Вејд е пред премин во тимот на Лос Анџелес Лејкерс.

Бекот кој целата своја кариера ја мина во редовите на Мајами, можно е на 33 години за првпат да ги промени клупските бои. Со оглед на тоа што Коби Брајант најави дека следната ќе му биде последна сезона во кариерата, се очекува токму Вејд да ја превземе “диригентската палка” во тимот.

Дека годините не се никаков проблем, покажа и минатата сезона во која Вејд оствари просек од 21 поен и 4,8 скока по натпревар, а фактот што може предвреме да го раскине договорот со Мајами само ја олеснува работата за тимот од “Градот на ангелите”.

Вејд, кој во последната година од својот договор треба да заработи 16 милиони долари, бара нов со истите услови, нешто што Мајами не сака да го оствари, па се очекува оваа ситуација да ја искористат Лејкерси и да го доведат одличниот бек во своите редови.