Ветерот, студеното време и снегот доаѓаат вечерва

Времето ќе се задржи сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, во западните делови променливо облачно, попладне со локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Во вечерните и ноќните часови, на места врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Поради продор на студен воздух ќе дува засилен до силен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина над 80 км/ч. На повисоките планини врнежите ќе поминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка. Воздушниот притисок значително ќе опадне за 8 до 10 мерни единици.

До сабота ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи од дожд, особено утре претпладне и во петок. На планините врнежите ќе бидат претежно од снег. Утре и во сабота ќе дува засилен северен ветер. Од недела, утринските температури на повеќе места ќе бидат под нулата.