Свет

Нема повеќе вето за геноцид и воени злосторства?

Нема повеќе вето за геноцид и воени злосторства?

Нема повеќе вето за геноцид и воени злосторства. Неколку десетици држави членки го поддржаа предлогот на Франција петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН да неможат да го користат правото на вето во случаите на геноцид и воени злосторства.

Околу 75 земји од Европа, Африка, Латинска Америка и Азија вчера го подржаа францускиот предлог, а француските власти очекуваат дек од 193 земји членки на ОН ќе им се придружат уште држави, пренесува Танјуг повикувајќи се на Ројтерс.

Се надеваме дека нема да има случаи, слични на сегашниот во Сирија каде има масовни злосторства и да неможе да се направи ништо поради правото на вето, изјави министерот за надворешни работи на Франција, Лорен Фабиус.

Тој рече дека Франција, една од петте постојани земји членки на СБ на ОН со право на вето, веќе најави дека нема да го користи правото на вето во случаите на геноцид и воени злосторства и дека се надева дека наскоро истиот пример ќе го следат и другите земји.

Ниту една од преостанатите четири земји членки со право на вето (САД, Кина, Британија и Русија) не ја потпиша француската иницијатива.

Додека Русија, со поддршка на Кина го користеше правото на вето за да ја заштити сириската влада од Критики, САД тоа го правеа во случајот на критики упатени кон Израел.