Ветровито со повремени врнежи од снег

Времето во Македонија ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови. Врнежи ќе има и во пониските делови од земјава, каде се очекува да се формира помала снежна покривка, која на планините ќе се зголеми.

Во Скопје ќе биде облачно и ветровито со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Утринска температура до минус еден, а дневната ќе достигне до еден степен.

В среда и в четврток утрата ќе бидат многу студени со температура од минус 10 до минус четири степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.