среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 13

Вевчани доби енергетски ефикасна градинка

Средствата за реализација на овие два проекти во висина од околу еден милион денари се обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, преку програмите за рамномерен регионален развој на Министертсвото за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

vevcani

Последни вести

Детската градинка „Планински цвет“ од Вевчани доби нова фасада и сончеви колектори со што стана енергетски ефикасен објект.

Средствата за реализација на овие два проекти во висина од околу еден милион денари се обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, преку програмите за рамномерен регионален развој на Министертсвото за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски информира дека во 2013 година во детската градинка биле променети вратите и прозорците, а со реализацијата на овие два проекти објектот стана целосно енергетски ефикасен.

Унриноски изјава

– Со реализација на овие два проекти целосно се променети условите во детската градинка. Сончевите колектори ја намалија потрошувачката на електрична енергија, а за поголема енергетска ефикасност ќе придонсе и новата фасада. Со новата фасада променет е и изледот на градинката, изјави Угриноски.

Директорката на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска информира дека покрај во Вевчани енергетски ефикасни објекти се направени во уште шест општини.

– Сончевите колектори и новата енергетски ефикасна фасада ги подобруваат условите за претстој на децата, но и на вработените, а ќе се заштеди и на топлинска и електрична енергија, истакна Лозаноска.

За подобрување на условите во туризмот преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион се поставуваат јавни тоалети во близина на Вевчанските извори за што се предвидени околу 25 илјади евра.

Најчитани вести