понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 18

Вевчани ќе добие мултифункционално игралиште

Моментално во општина Вевчани се работи на девет различни проекти

gruevski-vevcani1-768x437

Последни вести

Во рамки на посетата на струшкиот регион, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министрите за транспорт и врски Владо Мисајловски и за труд и социјална политика Диме Спасов, како и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски попладнево беше и во посета на општина Вевчани.

Груевски на лице место преку разговорот со градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриновски, како и во контакт со локалното население се запозна со дел од активностите и градежните проекти што се одвиваат во рамки на општината, а кои се во завршна фаза.

gruevski vevcani2

Моментално во општина Вевчани се работи на девет различни проекти, меѓу кои уредување на шеталиштето на кејот на Вевчанска река, кружен пат околу селото, како и партерно уредување во рамки на новоизградениот образовен центар во селото во чии рамки функцонираат Основното училиште, повеќенаменска спортска сала и детска градинка. Инвестиција во вредност од 250 илјади евра.

gruevski vevcani

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изврши увид и во делот на инфраструктурните проекти во општината чија изградба е во завршна фаза како што е делот од канализациски линии во должина од над два километра, зафат вреден околоу 65 илјади евра што ќе биде целосно функционален и предаден во употреба наредниот месец.

За наредната година беше најавено изградба на уште едно мултифункционално спортско игралиште, како и уште еден дел од обиколниот пат кон селото за што се обезбедени средства во износ од 23 милиони денари.

Со изградбата на новото повеќенаменско спортско игралиште, како и со постојаната спортска сала и најсовремените тениски игралишта ќе биде заокружен спортскиот комплекс во рамки на општината Вевчани кој што се очекува уште повеќе да придонесе за развој на туризмот во областа.

Најчитани вести