Вевчанци започнаа иницијатива за враќање на смртната казна

Граѓанска иницијатива за враќање на смртната казна за извршени најтешки облици на кривични дела е започната во Општина Вевчани.

На синоќешната седница на Општината, а на предлог на градоначалникот била донесена одлука  тениското игралиште да се именува „Мате Ѓурчески“, а спортската сала „Владо Попески“.

„Мате и Владо беа пример за генерациите. Со овој чекор Вевчани им се оддолжува, ова е признание за нивниот придонес во афирмацијата на Вевчани на спортски, културен и општествен план.

Болката за нивната трагична и прерана смрт е голема и ненадомествлива. На овој начин Мате и Владо ќе останат запаметени од заедницата“, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.