Македонија

Вевчани ќе добие повеќенаменска спортска сала

Вевчани ќе добие повеќенаменска спортска сала

Општина Вевчани ќе добие повеќенаменска спортска сала со 500 седишта до крајот на месец ноември.

Изградбата на салата е во тек.

Увид во изградбата на спортската сала денеска изврши премиерот Никола Груевски, придружуван од градоначалникот Светомир Угриноски. Спортската сала се наоѓа во близина на ОУ „Страшо Пинџур“ и тениското игралиште во Вевчани, што, според Угриноски, ќе придонесе за развој на спортскиот туризам во општината.

– Ова е можност за развој на спортскиот туризам. Ќе биде образовен и спортско-рекреативен комплекс. Се надевам дека ќе успее да се развива спортскиот туризам, рече Угриноски.

111111

Изградбата на спортската сала почна лани во октомври, а се наоѓа на 850 метри надморска височина.

Општината, како што нагласи градоначалникот, ќе формира кошаркарски, ракометни и други спортски клубови.

Изградбата на спортската сала е дел од владиниот проект „145 спортски сали за основните и средните училишта“ што се реализира преку Министерството за образование и наука, инвестиција околу 850.000 евра.