ВИДЕО: Вежбајте заедно со Ангелите на Викторија Сикрет

Ангелите на Викторија Сикрет се меѓу најпознатите дами во светот за кои воздивнуваат голем број припадници на посилниот пол. Покрај преубавиот лик, овие дами поседуваат и затегнато тело со заводливи облини.

Покрај балансираната исхрана овие девојки постојано вежбаат. Тие користат вежби во кои што е застапен секој дел од телото, па така сите мускули подеднакво се развиваат.

Секако доколку некој дел од телото е попроблематичен или помалку развиен, би требало поагресивно да ги повторувате вежбите што се фокусираат на тој предел.

Погледнете како вежбаат Алесандра, Кендис и Адријана за да останат во топ форма.