ВИДЕО: Вежби по мерка на Хајди Клум

Со оглед на тоа што Хајди Клум е стандард за фантастичен изглед дури и по четири породувања, не е необично што овој сет вежби е креиран по мерка на Хајди.

Актерката, водителка и модел Хајди Клум е горда мајка на 4 деца и голем пример за сите жени. Таа и на возраст од 42 години изгледа беспрекорно.

Нејзината феноменална линија и по толку породувања, секако не е резултат само на добрата генетика туку и на дисциплинираниот и здрав начин на исхрана и редовните вежби.

Но, Хајди никогаш не била обожавател на интензивното и долго вежбање: таа е поборник на методата за редовни вежби од неколку минути. За неа речениците од типот „од утре сум на диета“ и „баш денес не ми се вежба“ не постојат, и таа постојана работа навистина се гледа.

Да се усвојат здравите навики и секојдневно да се вежба е најважно во целата приказна. Дури тогаш на вежбањето можеме да гледаме како на нешто што го правиме за себе си и за сопственото здравје.

Каналот „Д Скини Мам“ (витка мама) предлага низа вежби со коишто се работи врз подобрувањето на изгледот на оние критични делови од женското тело. Со оглед на тоа што Хајди Клум е стандард за фантастичен изглед дури и по четири породувања, не е необично што овој сет вежби е креиран по мерка на Хајди.

Се што ви треба се тегови чијашто тежина ја одредувате самите во зависност од сопствените физички способности.