Тантра вежби за незаборавно сексуално искуство

Втората вежба е фокусирана на дишењето за време на сексот што би требало да стане целосно синхронизиран. Голем број двојки едвај имаат време за интимност, покрај другите животни обврски, посебно ако имаат деца, па затоа мора да направат приоритети. Во долгите врски и бракови сексот често станува рутина, па затоа Карелас предлага двојките поинаку да се организираат за да најдат време за интимност.

tantra-dishenje-1

Времето што обично му го посветувате на сексуалниот живот сега треба да го удвоите. Наместо да брзате и да целите кон врвот, одвоете повеќе време, истражувајте се еден со друг, затоа што тоа е начин да најдете нови точки што ве возбудуваат и што ви пружаат задоволство. Распрашајте се на пример за тантра јога, односно за древната пракса што ја користи сексуалната енергија за да се постигнат повисоки состојби на свесност. Овој начин ќе го направи вашиот живот многу повозбудлив, а партнерите стануваат длабоко поврзани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.