Вежби за оние кои работат во канцеларија

Оваа вежба, доколку се практикува редовно, ќе ви помогне да се ослободите од болката и неудобноста во ‘рбетот и ќе ви дадат совршено држење на телото. За оние кои работат во канцеларијата или некој друг што седи многу вежбата ќе биде од голема помош.

Како се прави вежбата?

1vezbanje5

Легнете на стомак и ставете го вашето чело на перница. Ставете ги рацете такашто ќе бидат во паралелна позиција до вашето тело, а дланките притиснете ги до бутовите. Исправете ги вашите лакти. Нозете притиснете ги една до друга, а вашите прсти треба треба да бидат малку спуштени.

Издишете – Кренете ја главата, градите и горниот дел од стомакот, додека рацете и нозете ќе ви бидат во иста позиција.

Вдишете – Полека вратете се во почетната позиција. Повторете ја вежбата 10 пати.

Колку често треба да ја правите?

Се препорачува вежбата да се прави 3 пати неделно. Со тоа ќе почувствувате подобрување во мускулите, грбот и стомачните мускули. Вежбата позитивно ќе влијае врз функциите на внатрешните органи, а ќе се чувствувате и доста подобро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.