Вежба на НАТО го доведе во опасност небото над Австрија

Контролата на летови на Австрија во четвртокот била соочена со потполно престанување на работата системот, а како причини се наведуваат НАТО маневрите,пишува виенски Курир. На мониторите на контролата исчезнале сите авиони, бидејќи дошло до откажување на работата на транспондерите на авионите, системи кои испраќаат пораки за висината на летот, курсот и брзината.Поради ова, дошло до опасна ситуација на небото над Австрија, бидјеќи не можела да се гарантира безбедноста на околу 4000 летови.

За време на падот на системот во Унгарија се одржувала НАТО вежба на електронско водење на борба, пишува виенскиот весник Курус.Целта на вежбите била со помош на прекинувачи да се блокираат транспондерите на авионите, при што се случила грешка, па сигналот ја покрил половина Европа.

Сомнежот, дека до падот на системот во Австрија дошло од вежбата во Унгарија го потврдил и портпаролот на Контролата на летање на Австрија, Маркус Поханка.

„Причина за падот на системот е НАТО вежбата во Унгарија,“ јасно укажал тој и додал дека екраните биле црни околу 25 минути.

Но Курир пишува дека небото над Австрија било без контрола од 14 до 17 часот, а во соседните земји и до 19.30 часот.

Бидејќи НАТО не дал никаков одговор, во Австрија се појавиле различни теории на заговор.